| четврток, 6 декември 2018 |

Проруските сили во Донецк: Киевските воени трупи имаат 24 часа да се повлечат

Силите за самоодбрана на Донецк поставиле ултиматум до воените трупи од Киев да се повлечат од своите позиции во регионот во рок од 24 часа. Во спротивно ќе ги блокираат нивните положби во донецката област и трупите со сила ќе бидат истерани од земјата, пренесува РИА Новости.

republika doneck

– Им давам 24 часа да ги повлечат сите свои трупи, сите воени сили – соопштил во средата командантот на т.н. Народна милиција во Донецк, Сергеј Здрилијук – пренесува „Гласот на Русија“.

Според неговата изјава, специјалната команда на единицата ќе почне да оперира во овие области доколку украинските оклопни возила не се повлечат и не ги напуштат контролните пунктови.

– Доколку оклопните возила не се повлечат, а блокадите на самопрогласените легитимни власти не бидат отстранети, ќе имам доволно овластвувања и средства да уништам и запалам сѐ, а за тоа добив поддршка и од командантот. Извидничките и диверзантските групи се подготвени за проектот, а некои од нив се навистина силни –  рекол Здрилијук за „РИА Новости“.

Ова соопштение следи по референдумот одржан во регионите на Донецк и Луганск, на кој мнозинството гласачи се изјасни за самоуправа среде интензивирањето на воените операции на Киев.

Околу 90 отсто од гласачите во регионот на Донецк се изјасниле за политичка независност од Киев, соопшти претседателот на Централната изборна комисија на самопрогласената Донецка Народна Република, Роман Лјагин.

Во регионот на Луганск 96,2 отсто од гласачите ја поддржале независноста на оваа област, а овој резултат е добиен според податоците кои ги објавила локалната изборна комисија.

По референдумот, Донецката Народна Република се самопрогласи за суверена држава и побарала од Москва да го разгледа нејзиното присоединување кон Руската Федерација, пренесува Гласот на Русија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top