| четврток, 6 декември 2018 |

Поплави во БиХ, во Хрватска „црвена тревога“

poplavi-posle-monsun-16

Поради поплави, граѓани во БиХ минаa тешка ноќ, дождот не престанува да паѓа, поради што е свикана итна седница на претседателството на БиХ на која е донесна одлука за ангажирање на вооружените сили за помош во спасување на луѓе и заштита на имоти.
Бројни станбени и деловни објекти се поплавени како и земјоделски површини. Најтешка е ситуацијата во тузланскиот и сараевскиот кантон.
Во текот на ноќта критична стана и ситуиацијата во Зеница и Добој. Според извештаи од Добој, реката Босна во тој град е со ниво над шест метри. Во Сараево и на Илиџа поплавени се повеќе од 100 куќи. Реката Миљацка во Сараево е со ниво над три метри што е рекорд.
Евакуација на население има во општините Зеница, Олово, Маглај, Завидовиќи, Добој-југ и Какањ. Маглај е под вода – сите приоди кон граедот се затворени. Вонредна состојба е и во Република Српска.
Поради поплавите исклучени се голем број електроенергетски објекти, а откажана е наставата во голем број училишта. Водостојот на реката Босна кај Зеница е над пет метри – досега нерегистрирано ниво, и е закана за населбите долж реката.
Во Хрватска поради неповолните временски прилики Метеоаларм издаде предупредување за речиси целата држава заради поројни дождови и повремена појава на бури. За северозападниот и источниот дел од државата објавено е црвено, највисоко ниво на тревога.
Уште од синоќа силна бура имало во Сплит, во Макарска, Трогир и во Комижа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top