| четврток, 6 декември 2018 |

Чешките социјалдемократи поттикнуваат секс на работно место (видео)

seks na rabotaЧешките социјалдемократи на необичен начин се обидуваат да ги поттикнат младите да најдат работа, но и да им го дадат својот глас на изборите.

Еден од нив е секс на работно место.

Како што пишува „Дејли мирор“, чешката Социјалдемократска партија им порачува на невработените дека пропуштаат романтично уживање во канцеларија. На „Јутјуб“ е објавен видеоспот од партијата во кој граѓаните се повикуваат да ѝ го дадат гласот на изборите, а целната група првенствено се млади луѓе.

На видеото се гледа млада девојка која седи во својата канцеларија и чека време за пауза, а потоа оди во соседната канцеларија на состанок со колегата.

На крајот следува порака: „Секој кој сака, би требало да овозможи да се помине времето на работа на малку поинаков начин. Срамно е половина милион луѓе во Чешка да не работат“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top