| четврток, 6 декември 2018 |

Нови докази: смртта на славната актерка не била случајна

britani-marfi

При повторената токсиколошка анализа на наодите во врска со смртта на славната актерка Британи Марфи надлежните откриле нови детали, кои фрлаат сомнеж околу причините за нејзината смрт и за смртта на нејзиниот сопруг.

Стручњакот Сирил Вехт бил ангажиран да ја истражи неразјаснетата смрт на Марфи и на нејзиниот сопруг Сајмон Монјак.

– Никогаш не сум видел вакво нешто. Толку тешки метали во телото. Никогаш не сум видел такво нешто кај некоја личност и фактот дека истата работа се повторува кај двајцата отвора големи прашања – рекол Вехт.

Таткото на актерката, Анџело Бертолоти добил одобрение да се почне нова истрага за да се дознаат причините за смртта на неговата ќерка. Британи почина во 2009 година под неразјаснети околности, а пет месеци подоцна почина и нејзиниот сопруг.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top