| четврток, 6 декември 2018 |

ЕВН: Инвестирани се над 150.000 евра во реконструкција на мрежата во Вевчани

Денешниот прекин во снабдувањето со електрична енергија во Вевчани и другите населени места траеше 15 минути и настана поради невреме, информираат од ЕВН Македонија. Поради силниот ветер, откорнати гранки и делови од дабови дрва скинале кабли на 35 киловолтниот далновод.

-Во овој планински крај со многу тешко пристапни делови имаше застарена дистрибутивна мрежа. Постојано се инвестира и работи на модернизирање, но тоа не може да се направи преку ноќ. Пред две години имавме средби, телефонски контакти и разговори со жителите на Вевчани и ги нотиравме сите нивни забелешки. Направивме план според кој ние досега се придржуваме. Постојано работиме колку што теренот и временските услови ни дозволуваат.  Досега ЕВН Македонија вложи 100.000  евра во реконструкција на ТС Суво поле, за нова опрема за далечинска контрола,  заштити и слично. Во 2015 и 2016 ќе се инвестираат уште 150 000 евра за целосна реконструкција на ТС Суво поле – велат од ЕВН Македонија.

Како што додаваат од компанијата, 20.000 евра се инвестирани во реконструкција на ниско напонската и средно напонската мрежа, во поставување на нови кабловски врски и замена на старите дрвени со нови бетонски столбови.

-Заедно со општината и др. претставници на Вевчани направена е инспекција на критичнмите места и секаде каде тие посочија дека има проблеми се интервенираше. Такви места имаше кај училиштето, во центарот каде што комплетно е поставена нова енергетска инфраструктура , нови столбови, изолирани проводници. Потоа се работеше и кај Амбулантата и кај градниката во Вевчани, места кои од општината беа посочени како критични. Годинава се вложени и 36 000 евра на дополнителни зафати. На 10 киловолтниот далновод од кој Вевчани се напојува со електрична енергија, годинава заменети се 16 столба, а во 2013 и 2012 вкупно 24. Ние остануваме на она што го ветивме дека ќе инвестираме и ќе реконструираме според динамика која и временските услови и пристапот до енергетските објекти ќе ни дозволи – вели портпаролот на ЕВН Атанас Ковачевски.

Од ЕВН Македонија апелираат до корисниците од Вевчани да продолжат заеднички да работат на целта, подобрување на снабдувањето со електрична енергија во ова населено место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top