Нови 400 невработени лица регистрирани во Агенцијата за вработување од денеска ќе можат да аплицираат на огласот за грант од 3.000 евра, неповратни средства кои ги доделува државата за отворање сопствен бизнис. Покрај грантот од 3.000 евра во форма на опрема и репроматеријали, новите бизнисмени ќе добијат и можност за обука за претприемаштво, експертска поддршка за развивање на својата бизнис-идеја во одржлив бизнис-план и советодавна поддршка при регистрацијата на бизнисот.
Оваа година, според министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, најдобро оценетите 50 бизнис-планови ќе имаат можност да добијат грант со дополнителни 1.500 евра за едно дополнително вработување во новоформираната фирма. Спасов појасни дека ова е втор циклус од програмата за вработување, а оти со првиот циклус, кој почнал во јануари годинава, грант треба да добијат 500 невработени кои крајот на јуни би требало да ги основаат своите фирми.
На таков начин, рече министерот, со отворањето на дополнителните 400 фирми од овој втор циклус ќе се заокружи планираниот број на вкупно 900 бизниси кои ќе бидат отворени од невработени лица со помош од државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


