Се облекуваше во црно. Приметивме дека чудно се однесува. Се плашевме дека тој црн конец кој го носеше во раката означуваше припадност на некоја секта. Вака колегите ги опишаа последните денови на дваесет и петгодишната Ј.Р. која во понеделникот се фрлила од прозорот од зградата на Филолошкиот факултет во Белград.
Полицијата утврдила дека девојката се качила на стол, го отворила прозорот и скокнала од петти спрат. Во нејзината рака е пронајден црн конец, што нејзините колеги од факултетот го поврзуваат со разговорите со неа неколку дена пред смртта. Колегите сметаат дека Ј.Р. по нејзиното однесување и стории, може била членка на сектата „Црна ружа“, најозлогласената на Балканот.
Зборуваше за неправдите и дека ја мачеле што некои работи не може да ги исправи. Се однесуваше чудно. Споменуваше некакви секти. Но, за жал никој не ја сфати сериозно – раскажа еден нејзин колега.
Комшиите пак имале само убави и пофални зборови за девојката.
– Неверојатно образована, културна и фина девојка, како и нејзината сестра. Приметивме дека во последно време се облекуваше во црно – вели нејзина комшика.
Членовите на „Црна ружа“ животот си го одземаат по принцип на „фрлање коцки“, а познати се по тоа што земаат исклучително високоинтелегентни деца. Трагично настраданата девојка учела неохеленистика, говорела неколку јазика, свирела клавир, а била успешен студент на грчки јазик и книжевност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


