Началникот на Генералштабот на армијата на САД, генералот Мајкл Демпси, зборувајќи во Атланскиот совет, изјави дека е време за зајакнување на капацитетите на НАТО на источната и јужната граница на Алијансата.
– НАТО се наоѓа на критична крстосница, имајќи ја предвид агресивноста на Русија. Затоа, источното крило мора да биде зајакнато. Мој личен совет е дека уште поголемо внимание му е потребно на јужното крило на НАТО. Проблемите кои произлегуваат од регионот на Блискиот Исток и северна Африка можат од темел да го сменат животот внатре во Европа, не
само на југот, туку и во средна и северна Европа – изјави Демпси, зборувајки пред се за граѓанската војна во Сирија.
Во меѓувреме, Пентагон соопшти дека во Сицилија времено испратил 200 маринци од нивната база во Шпанија, поради опасност од евентуални немири во sеверна Африка. Ваков потег веќе е направен во октомври минатата година, кога околу 200 маринци, кои беа одговорни за обезбедување на американските амбасади, беа времено префрлени во воздухопловната база Сигонела во Сицилија, откако американски специјални единици уапсија висок претставник на терористичката мрежа Ал Каеда во Либија.
– Ваквата одлука е донесена како заштитна мерка, бидејќи сметаме дека безбедносната ситуација во Северна Африка се повеќе се влошува и може да прерасне во сериозна закана – истакна портпаролот на Пентагон, полковник Стив Ворен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


