Како што е наведено во официјалното соопштението на академијата (територијалниот оддел за образование) на Нант, во петок на 16 мај, на момчињата и мажите наставници во 27 лицеи (средни училишта) им се препорачува на наставата да дојдат во здолништа.
Се појаснува дека кампањата под мотото „Дигнете го здолништето” (Ce que Soulève la jupe) е насочена на борбата против дискриминацијата на жените, и има за цел да ги подобри односите меѓу половите, како и да ја заживее дебатата за еднаквоста.
Акцијата ќе биде спроведена во неколку лицеи во градските окрузи, меѓу кои се Нант, Шатобријан, Ле Ман, Анже, Лавал…Како што се додава во соопштението, на учениците и соработниците во образовните институции од машки пол, кои не сакаат да облечат здолништа, им се препорачува да носат без со натписот „Јас се борам против сексизмот, а ти?”.
Според локалните медиуми, предлогот на образовните институции во Нант, кој е одобрен од министерството за образование на Франција, веќе предизвика гнев кај локалното население и некои француски политичари. Така, претседателот на студентската унија UNI, Оливие Виал, оваа акција ја нарекол „бесмислица, којашто, наместо да им помогне на жените да ја изразат својата женственост, е насочена на негирање и на женската и на машката идентификација”.
Познатата француска општествена активистка и противник на браковите на лица од ист пол, Фригид Баржо, на својот профил на Twitter го замоли министерот за образование Бенуа Хамон, да не ги повика тој ден девојките истиот ден да дојдат на училиште со брада. Очигледно Баржо алудира на победникот на годинешниот избор на песна на Евровизијата, Австриецот трансвестит Томас Нојвирт, попознат како Кончита Вуртс.
Француските медиуми забележуваат дека спроведувањето на оваа кампања се совпаднало со плановите на министерството за образование во образовните институции да воведе сексуално образование, чија содржина за повеќето родители се чинела несоодветна.
Според локалните медиуми, во петок во Нант, исто така, е планирана и протесна манифестација против „денот на здолништата” во локалните гимназии
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


