| четврток, 6 декември 2018 |

Драма на море: Беше страшно, луѓето врескаа и молеа за живот, а мојот екипаж плачеше!

Риечките морнари спасија 142 емигранти од морето меѓу Либија и Италија по хаваријата на претоварениот брод која се случи во понеделникот попладне.

Екипажот на „Kehoe Tide“, со кој командува Жељко Вуковиќ (48) од Риека, заедно со друг командант, исто така од Риека, Бојан Тасиќ (28), спасиле дел од емигрантите меѓу кои била и една бремена жена во деветти месец од бременоста заедно со нејзините четири деца. Во спасувањето учествувал уште еден брод. од вкупно 240 луѓе, спасени се 205, додека останатите, за жал загинале.

– Ние сме брод за поддршка за хрватската платформа Загреб 1 која буши во либиските води, а наша задача е да стоиме крај нив, да асистираме доколку е потребно и да ги штитиме некој друг брод да не удри во платформата. Во понеделникот околу 10, 10.30 часот видовме дека едно рибарско бротче оди накај платформата, влегува во безбедносната зона. Во договор со капетанот тргнавме кон нив. Кога се приближивме видовме дека не станува збор за рибарско бротче, туку за брод од 15-тина метри, претоварен до луѓе меѓу кои има жени и мали деца, поглемиот дел без појаси за спасување. Се наведнуваа и изгледаше како секој миг дека ќе се превртат. ја известивме италијаснската крајбрежна стража и тие ни рекоа да останеме во нивна близина и да следиме што ќе се случува. Кога стигнавме на педесеттина метри видовме дека состојбата не е добра. Луѓето ги креваа децата во воздух и за десеттина минути бродот почна нагло да тоне. Веднаш спуштивме два чамци и тргнавме да ги спасуваме. Бојан Тасиќ управуваше со бродот за спасување, јас ја координирав акцијата од командниот мост. Сцените беа како на крајот од филмот „Титаник“, страшно. Луѓето врескаа, молеа за живот. Сите беа непливачи. Ги спасувавме прво жените и децата кои беа во голем број. Бојан со бродо за спасување извлече најмалку 60 луѓе, а и останатиот дел од посадата исто така заврши херојска работа. Беше страшно. Наповршината пливаа трупови, делови од облека и обувки. Моите луѓе плачеа додека ги извлекуваа страдалниците, се сеќава капетанот Вуковиќ.

Акцијата за спасување траела околу еден час, кога бил извлечен и последниот давеник, а подоцна уште два часа ги барале живите кои за жал ги немало повеќе. Набрзо откако екипажот на Вуковиќ тргнал во спасувачка акција, на повикот се приклучил и еден брод од француска компанија. Францускиот брод спасил 63 лица.

– Меѓу другите спасивме и бремена жена со четири деца. Едно девојче од 5 години успешно беше реанимирана откако ја извлековме од водата, и еден маж исто така. Давениците беа во шок, премрзнати. температурата на морето е 15 степени, а имаше многу деца на бродот. Ако ние не ги следевме, сигурно ќе имаше двојно мртви, раскажува капетанот.

Екипажот составен од Хрвати, Украинци, Египќани и Руси откако ги спасиле на давениците им ја дале сопствената облека, сува и топла.

– Секој од членовите на мојот екипаж апсолутно е херој и гордост за својата земја. Беа одлични, ја соблекоа и облеката што ја имаа на себе и им ја дадоа на давениците, вели Вуковиќ.

Откако еден ден поминале на бродот, емигрантите во вечерните часови ги земала италијанската воена морнарица. Станува збор за луѓе од Африка и Блискиот исток.

– Нивниот најголем страв беше да не ги вратиме таму од каде што побегнале. Тоа не би го направил ниту во лудило. Не знам што ќе биде со нив ниту каде одат, не можам да откривам многу детали ни поради истрагата, но се надевам дека конечно ќе го најдат она поради што се качиле на овој брод и ги ризикуваа животите, заклучува капетанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top