Непознато лице синоќа го застрела и го рани директорот на Управата за дијаспора при црногорското Министерство за надворешни работи и евроинтеграции, Предраг Митровиќ.
Митровиќ бил нападнат пред неговата куќа во Подгорица и веднаш бил пренесен во Клиничкиот центар. Тој не се наоѓа во животна опасност.
Полицијата изврши увид на местото на инцидентот и трага по напаѓачот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



