
Под мотото: „Препозјан се и засрами се“ Сити радио, Клуб фм и Метрополис радио мрежа, започнаа кампањата „Гласно, против лошите навики“.
Целта на кампањата е во секој човек да се разбуди чувството за одговорност во однесувањето. Лошото, вулгарното или недоличното однесување се повеќе навлегува во „градскиот жаргон“ и станува синдром на младата генерација, но не ретко и на возрасните.
Несоодветното однесување секојдневно се сретнува на улица, дома, на работа, во училиште, во кафеана…
„Радиото ја има моќта, но и улогата на гласник. За се што е ДОБРО ИЛИ ЛОШО да прозива, да опомени или да пофали. Лошите навики во однесувањето стануваат опасен начин на комуникација кој го иритира и потценува рационалниот и културниот човек. Кампањата не критикува за да навреди, туку посочува за да го поттикне признанието пред себе, а тоа е позначајно од казната. Говориме за лоши навики кои почнуваат како шега, за потоа да станат тренд и брзо прифатени од младите. Убаво е да се слушне гласно како некој без да го изговори вашето име ќе ве натера да се препознаете, но и да се промените. Веруваме дека секој може, тоа е и нашата главна цел, да се промени, да стане подобар и почитувајќи ги другите да се почитува и себе си“ пишува во соопштението од радијата.
Кампањата преку нетипични пораки му се доближува на слушателот и ја поттикнува неговата желба за подобро.
Преку радио џинглови со необична продукциска конструкција и со провокативни текстови со социјален и едукативен контекст, радијата и се обраќаат на публиката, оттука и на индивидуата, да се препознае и да се коригира.
Секое динамично секојдневие е често обележано со импулсивност, нетолетанција и вулгарност, но доколку на истото се посочи, може да биде заменето со учтиво и коректно однесување кое еден ден може да испровоцира и нови манири.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


