Популарниот глумец Алек Болдвин вчера во Њујорк беше уапсен поради многу необичен сообраќаен прекршок, бидејќи возел велосипед во погрешна насока и воинствено се однесувал кон полицајците, пренесуваат американските медиуми.
Болдвин е уапсен поради насилничкото и заканувачко однесување кон полицајците, а два часа подоцна бил пуштен откако против него се поднесени две пријава, за кршење на прописите за управување со велосипед и за насилничко однесување.
– Њујорк е град со кој лошо се управува, тоа е карневал од глупости, град кој очајнички сака да заработи и да го криминализира однесувањето коешто некогаш се сметаше за добродушно – напиша aктерот подоцна на „Твитер“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.