Претседателот на САД Барак Обама имал состанок со лидерот на сириската опозиција Ахмад Џарба на кој го пофалил за конструктивниот пристап на опозициската коалиција, соопшти Белата куќа која не спомна ништо за оружјето што бунтовниците го бараат од САД.
– Претседателот Обама го поздрави водството на сириската опозиција и конструктивниот пристан кон дијалогот и повика на создавање влада која ќе го претставува целиот сириски народ, пренесува Ројтерс.
Обама и американските советници за национална безбедност Сузан Рајс повтори дека сирискиот претседател Башар ал Асад го загубил легитимитетот да ја води Сирија за него „нема место во иднината на земјата“.
Џарба им се заблагодари на САД за помошта во опрема која не била оружје а вредела 287 милиони долари. Во соопштението на Белата куќа не се споменува барањето на Џарба за донација на противавионско оружје кое би го користеле за борба против силите на Асад. Тоа оружје би можело да ја промени рамнотежата на силите на теренот, рекол Џарба минатата недела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)
-
Сирија од минута во минута: Асад порача: Сиријците не се плашат од НАТО, сега видовме дека оружјето им е застарено! (видео)
-
Српски дипломат тврди: Се знаеја и времето и метите за нападите во Сирија!