Италија во вторникот се закани дека ќе пушта бегалци преку своите граници, доколку Европската унија (ЕУ) не преземе надзор над поморската операција чија цел е да се контролира доаѓањето на емиграти од Африка. Министерот за внатрешни работи, Ангелино Алфано побара поголема помош откако италијаснката морнарица во спасувачка операција во вторникот спаси од морето над 200 емигранти и извади 17 тела, кога бродот што ги превезувал потонал во близина на либијското крајбрежје.
„ЕУ има две опции, или ќе дојде во Средоземјето и ќе го подтави своето знаме или бегалците со право на азил ќе ги пуштиме во другите држави“, напиша Алфано на Твитер.
Еврокомесарката за внатрешни прашање Сесилија Малстром одби да ја коментара изјавата на Алфано.
Полседната несреќа се случи во понеделникот 160 километри јужно од италијанското острово Лампедуза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.