Четвртото издание на фестивалот„Здраво млади“ ќе се одржи на 23 мај. Едни од ѕвездите на настанот ќе бидат и популарните Дисциплина кичме од Србија. Душан Којиќ – Која, кој го нарекуваат чуварот на “новиот бран” и неговата легендарна Дисциплина (Disciplin A Kitschme) ДОАЃААТ на Здраво Млади!
Disciplin A Kitschme,повеќедецениските испорачувачи на врвен “noise”, од неодамна во своите редови имаат и нов инструмент – усна хармоника, која дава нова димензија на препознатливиот звук на групата. Кон крајот на декември 2013, Disciplin A Kitschme во состав: Која (бас, глас), Буца (тапани, глас), Мања (глас), Игор Дјеке (усна хармоника), објави нов хит сингл „Само Дисциплина“, песна која ја растресе музичката јавност во регионот и го најави новиот пат на „Дисциплина“.
Најновиот фанк хит “Ovisnik o moći”, кој видео спот имаше премиера на регнионалниот MTV канал на 20.04.2014 всушност и го потврдува тоа. Групата во наредниот период ќе работи на „нови рифови, надополнети со нови текстуални досетки“ за да на есен ја објави „колекцијата на нови песни која се уште старомодно се нарекува албум“.
ЗДРАВО МЛАДИ бр. 4, на плато пред МКЦ, 23 мај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст