| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска кај Иванов работен ручек со амбасадорите на Вишеградската група

george ivanov
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска го приредува  традиционалниот работен ручек за амбасадорите на земјите од Вишеградската група, акредитирани во Република Македонија.
На средбата ќе присуствуваат амбасадорот на Чешката Република,  Мирослав Рамеш, амбасадорот на Република Полска, Пжемислав Чиж, амбасадорот на Словачка Република, Роберт Кирнаг, заменик амбасадорот на Унгарија,  Атила Пинтер, како и министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top