| четврток, 6 декември 2018 |

Јоксимовиќ: Македонската публика ме сака повеќе од домашната

Српскиот композитор и пејач денес го посети местото каде што на 21 јуни ќе одржи голем солистички концерт

Жељко Јоксимовиќ утрово снимаше дел од видеоспотот на заедничката песна со Даниел Кајмакоски, а подоцна на средбата со новинарите првпат стапна на националната арена „Филип Втори“.

Zeljko Joksimovic stadion 06 (Custom)

Македонската публика отсекогаш добро ме пречекувала. Ја имаме таа енергија за која е непотребно да се зборува. Не е дека домашната публика не ме сака и не ги слуша моите песни, но кога сум тука или во Босна, тоа поинаку се доживува. Засекогаш ќе го паметам тој момент на последниот концерт во Скопје, во салата „Борис Трајковски“, како цела публика во еден глас ја пееше „Љубави“, а јас не ни можев да се чујам себеси – рече Јоксимовиќ, додавајќи дека е сигурен дека 21 јуни ќе биде еден од најважните датуми во неговата кариера.

Zeljko Joksimovic stadion 05 (Custom)

Покрај заедничката песна со Кајмакоски, Јоксимовиќ го подготвува и новиот албум. Дел од песните ќе ги пушти во етер пред концертот, а некои од нив првпат ќе ги претстави токму во Скопје. Концертот ќе излезе и на ДВД.

Zeljko Joksimovic stadion 04 (Custom)

Со цел успешен концерт и полна арена, како и можност секој љубител да може да дојде, влезниците се по цена од 200 и 250 денари.

Останатите детали поврзани со концертот, дуетот со Тони Цетински, песната со Даниел Кајмакоски и гостите на концертот, погледнете ги во видеото од прес-конференцијата на „Република.ТВ“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top