| четврток, 6 декември 2018 |

Жељко и Даниел со заедничка песна

Српскиот пејач Жељко Јоксимовиќ направил песна со победникот на „Икс-фактор“, Даниел Кајмакоски. Песната е насловена „Скопје-Белград“, а веќе се снима и видеозапис во главните градови на Македонија и на Србија.

– Песната настана сосема случајно додека седевме во студио со Даниел, музициравме, по што ни дојде идеја дека би било добро да се направи песна како завршница на сето тоа што се случуваше во „Икс-фактор“. Се работи за лесна песна, која верувам ќе им се допадне на сите – изјави Жељко Јоксимовиќ, кој најави дека, најверојатно, песната првпат ќе ја испеат на концертот во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top