| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се гради дом на културата во Кисела Вода

кисела вода

Новиот дом на културата во населбата Кисела Вода, на местото каде што се наоѓа старото и запуштено кино, ќе го гради фирмата „Kарпош“ за околу 675.000 евра, пари што ќе се обезбедат од буџетот на Министерството за култура и од општинскиот буџет.

Проектот треба да се реализира до крајот на следната година.
Според проектот, домот на културата ќе претстаува мултифункционален простор што ќе се користи како театар, со 144 седишта и надграден дел кај сцената во висина од четири метри. Широчината на театарската сцена ќе биде 10 метри, длабочината 8 метри, а вкупната површина на салата ќе зафаќа 315 квадратни метри. Таа ќе може да се користи и како киносала. Во останатиот дел од објектот ќе има библиотека, уметнички клуб, кафетерија со галерија, административни канцеларии, а предвидени се и простории за урбаната заедница, со посебен влез.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top