| четврток, 6 декември 2018 |

Марија Комисарова: Помогнете ми пак да застанам на нозе

Руската натпреварувачка во слободен стил скијање Марија Комисарова, која на тренингот на Зимските олимписки игри во Сочи ја повреди кичмата и остана парализирана, побара помош за продолжување на лекувањето.

– Моментално сум на лекување во Шпанија и докторот ми дава 90 проценти шанса дека повторно ќе застанам на нозе. Процесот на рехабилитација е многу скап и затоа ќе морам да платам сѐ сама. Ќе  ми треба околу една година да вежбам секој ден по пет часа на ден, а тоа ќе чини 765 илјади долари – напиша на „Инстаграм“ Комисарова.

Руската Федерација соопшти дека лекувањето на Комисарова ќе биде платено од хуманитарниот фонд „Острово“, како и со нејзините дирекни донации на веб-сајтот www.maria-komišarova.com.

Комисарова остана парализирана по падот на тренингот на 15 февруари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top