| четврток, 6 декември 2018 |

Настап за директен пласман во полуфиналето на „Британскиот талент“ (видео)

Две момчиња, Чарли Ленехан (15) и Леондри Диверс (13), кои себе се нарекуваат „Bars & Melody“ ја освоија Велика Британија со нивниот настап во шоуто „Британски талент“.

Тие испеаја нивна верзија на песната „Hope“, со што го воодушевија членот на жирито Сајмон Кауел, кој на нив го искористи своето „златно копче“, односно им овооможи натпреварувањето да го продолжат директно во полуфиналето на шоуто, кога почнуваат и настапите во живо.

Британските медиуми пишуваат дека двете момчиња толку го воодушевиле Кауел, што тој веќе размислува да им понуди договор, без разлика на крајниот резултат од натпреварувањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top