Можеби често се прашувате дали тој навистина ве сака и дали е тој вистинскиот, но на многумина им е тешко да ги искажуваат своите чувства со зборови, било да е тоа од страв од одбивање или едноставно никогаш порано не морале да зборуваат некому дека го сакаат. Овие начини го издаваат дека тој навистина сака да има нешто со вас.
1. Страствени долги бакнежи
Кој не ужива во добрите долги бакнежи? Доколку постојано инсистира на вакви бакнежи во кои ја чувствувате целата негова страственост, очигледно е дека е и повеќе од возбуден во вашето присуство.
2. Неговите пријатели ве обожуваат
Од еднаш, сите негови пријатели почнуваат да ви се восхитуваат и уживаат во вашето друштво. Може да биде поради тоа што нивниот другар го правите толку среќен, па и тие почнуваат да мислат дека сте сјајни, баш како и тој.
3. Навистина сака да ви се доближи
Знаете некогаш колку ве изнервира некој кој не ве интересира да ви се приближи? Потполна спротивност е кога тоа го направи личноста која ја обожувате.
4. Насмевка после бакнеж
Секако дека можете слатко да се насмеете кога бакнувате некого во чие друштво уживате, но дали некогаш чувствувате како сјаете ако ве бакнува некој кој навистина го сакате? Ако го фатите со неодолива насмевка после бакнежот, нема сомнеж дека ужива во вашето друштво.
5. Внимателно ве слуша
Иако не зборува многу за своите чувства, тоа што внимателно го слуша секој ваш збор е од неверојатно значење. Се наведнува спрема ас кога зборувате за важни теми, климнува со главата и покажува дека му значат вашите зборови.
6. Правилно држање
Повеќето од нас умеат да се подгрбават и да го уништат своето држање, но не доколку се обидуваме да ја импресионираме личноста која ни е важна или која сакаме да ја привлечеме. Ако седи или оди исправено, еве знак за вас!
7. Стисок на раката
Понекогаш ви ја стиска раката додека ја држи во својата, но тоа е единствен начин на кој со вас разменува некој вид на нежност во јавност. Можно е со овој гест да се обидува да ви ги каже тие три мали зборови на тивок начин.
8. Повик или порака без повод
Ова не го прават сите заљубени момци, така да немојте да го сватите лично доколку вашето момче не ви праќа пораки секој час. Сепак за оние кои тоа го прават важи тој да се чувствува пријатно со вас и да мисли на вас во текот на денот.
9. Иницира разни заеднички активности
Наместо само да се најдете во град, тој предлага заедничка набавка и готвење дома? Вакви едноставни и секојдневни работи покажуваат интерес кои е подлабок од самиот секс.
10. Чест контакт со очите
Кога сте во барот со пријателите, дали често ве бара низ просторијата како ви фатил поглед за момент и да подели со вас една насмевка или две? Ова укажува на тоа дека сте му важно и кога работите две потполно различни работи во тој момент.
11. Поминува со прстите низ косата
Ова луѓето обично го прават кога се нервозни, ја допираат својата коса повеќе отколку обично. АКо ова го прави додека е со вас, посебно кога е во прашање некој романтичен момент, значи дека сака со вас да подели нешто интимно, но за тоа му недостасуваат зборови.
12. Пресликано однесување
Често прави исти работи како и вие во ист момент. Ова е добар знак, тоа значи дека двајца навистина се зближуваат.
13. Подароци со значење
Ова не се скапи подароци, доколку тоа прво ви паднало на памет. Се работи за тоа дека вашиот сакан вложил многу мозгање во тоа да пронајде нешто што и одговара на вашата личност. Тоа можат да бидат шарени чорапи или книга од омилениот писател, што ќе докаже дека навистина ве слуша.
14. Често се смее
Ве смета за интересно и не може да ја воздржи насмевката кога направите нешто откачено. Иако ви звучи чудно што често се смее на вашите шеги, поозбилно ја доживува вашата врска.
15. Спонтани допири
Кога сте на јавно место ја спушта неговата рака на вашиот грб како би ве задржал блиску до себе или ја држи неговата рака преку вашата во ресторант. Спонтаното допирање покажува дека сака да одржува физички контакт со вас, дури и кога не се работи за сексуален контакт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.