| четврток, 6 декември 2018 |

Евролига: Меккејлеб против Барселона

Ако Фенербахче победи има шанси за четвртфинале, ако загуби, нашиот плеј ќе ги сведе шансите за Фајнал фор само на теорија

Една од последните шанси за четвртфинале и за нов настап на Фајнал фор турнирот од кошаркарската Евролига за нашиот репрезенативен плеј Бо Меккејлеб. Тој со турски Фенербахче ја дочекува Барселона и со победа ќе ги поправи шансите за пласман меѓу првите четири екипи во групата Ф.

Освен натпреварот во Истанбул вечерва се играат и три други средби, а меѓу четирите утрешни е и тој на Олимпијакос со Перо Антиќ против Каха Лаборал.

ЕВРОЛИГА- 8 КОЛО

ГРУПА Ф

Фенербахче-Барселона (денеска)

Макаби-Монтепаски (денеска)

Химки-Бешикташ (петок)

Олимпијакос-Каха Лаборал (петок)

(Барселона и Монтепаски по 13 бода)

ГРУПА Е

Бамберг-Уникаха (денеска)

Жалгирис-Панатинаикос (денеска)

Ефес-ЦСКА (петок)

Реал Мадрид-Алба (петок)

(Реал и Ефес по 13, ЦСКА 12 бода)

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top