Кампањата за борба против ракот на дојка „Напред розово 2014 – чекори против ракот на дојка“ по шести пат ќе се одржи на 17 мај во Градски парк кај Школка. Целта на настанот е подигнување на свеста кај населението за ракот на дојката како потенцијално излечлива болест, како и помош и поддршка на жени со такво заболување.
Според податоците на Меѓународната агенција за истражување на ракот „ГЛОБОКАН“, во 2012 година во Македонија се регистрирани 1.152 новозаболени од рак на дојка, од кои околу 400 починале.
Кампањата ја организира Здружението „Борка“ – За секој нов ден во соработка со американската амбасада.
Претседателот на „Борка“, Биба Додева, денеска на прес-конференција рече дека ракот на дојката е најчестото малигно заболување кај жените. Посочи дека жени поддржувачи и членки на Здружението од другите градови организирано ќе дојдат во Скопје и ќе учествуваат во Розовата прошетка. Таа рече дека е изготвен видеоспот за кампањата кој е снимен во Драчево и првпат во Македонија во него се само жени кои го победиле ракот.
Освен Розовата прошетка, истиот ден ќе се одржи и Розовото возење со велосипеди кое е во соработка со неформалната група „На Точак“ која го популаризира урбаното возењето на велосипеди, рекреацијата и здравиот живот. Велосипедистите ќе извозат рута во должина од пет километри низ центарот на градот, а потоа ќе се приклучат кон Розовата прошетка.
Мери Џо Волерс, сопругата на американскиот амбасадор рече дека уште од самиот почеток ја поддржуваат кампањата. Таа ги пренесе искуствата од САД каде превентивните прегледи помогнале да се намали бројот на смртни случаи од рак на дојка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заев злоупотребува деца во политички цели, Одбусманот предвидува казна за вакво дело
-
Во среда ќе се знае колку партии ќе учествуваат во кампањата за референдумот и колку пари ќе добијат
-
Кампањата за референдумот ќе чини 80 милиони денари
-
Владата в среда ќе ја одреди сумата што ќе се потроши за референдумската кампања