Македонија ќе биде застапена со само двајца на 16. терени на кои денеска се играат реванш натпреварите од осминафиналето во фудбалската Лига Европа. Капитенот на националниот тим Горан Пандев со Наполи патува во Чешка по чудо затоа што пред седум дена дома загуби од Викторија Плзен со 3-0. Даниел Георгиевски нема да биде во составот на Стеауа која во вторите 90 минути влегува со негатива од 2-0 заработена минатиот четврток кај Ајакс.
Вечерва, деби на англиски терен ќе има нашиот најдобар судија Александар Ставрев кој со комплетно македонска постава ќе биде делител на правдата на натпреварот во Лондон, меѓу Челзи и Спарта Прага (1-0).
Руските екипи беа извонредни во првите средби и вечерва бранат предност на три меча. Еве ги двојките, сатниците и резултатите од воведните дуели.
ЛИГА ЕВРОПА-РЕВАНШ 1/16 ФИНАЛЕ
18.00
Рубин Казан- Атлетико Мадрид (2-0)
19.00
Дњипро- Базел (0-2)
Клуж-Интер (0-2)
Металист- Њукасл (0-0)
Генк- Штутгарт (1-1)
Лацио- Борусија Менхенглабах (3-3)
Лион- Тотенхем (1-2)
21.05
Ливерпул-Зенит (0-2)
Хановер-Анжи (1-3)
Фенербахче-БАТЕ Борисов(0-0)
Челси-Спарта Прага (1-0)
Викторија Плзен- Наполи (3-0)
Олимпијакос- Леванте (0-3)
Бордо-Динамо Киев (1-1)
Бенфика- Баер Леверкузен (1-0)
Стеауа- Ајакс (0-2)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст