| четврток, 6 декември 2018 |

Харден ја разнесе Оклахома, Лејкерси играа за Бас

Харден кој лестоска дојде од Оклахома ги разнесе Тандерси со 46 поени и 70 насто шут, а Лејкерси беа поентерски разновидни во најголемото НБА дерби со Селтикси

Лејкерси го добија најголемиот НБА меч против Бостон и триумфот му го посветија на починатиот сопственик Џери Бас. Во дуелот кој тежи 33 титули Двајт Хауард со 24 коша и 12 скока предводеше дури седуммина двоцифрени за победа од 113-99. Екипата од Лос Анџелес дојде до 9-тото место во лигата, но осмиот Хјустон остана на солидна дистанца особено што изутрината повторно славеше со Оклахома со 122-119. Мечот беше слатка одмазда на Џејмс Харден кој на до вчера, својата Оклахома и даде 46 поени со 70 насто шут и со 6 асистенции. Харден кој летоска беше трејдуван од Тандерси, патем го лимитира првиот стрелец во лигата Кевин Дурант на 16 поена, но тој компензираше со трипл дабл.

Од 11. натпревари во предходната ноќ за потенцирање се и осмата победа во низа на Мајами во Атланта со 103-90 и потопот на Њујорк кај Индијана од 125-91 по што долго ќе нема дилема околу првото место на истокот.

Во преостанатите седум средби:

Торонто – Мемфис 82:88

Шарлот – Детроит 99:105

Кливленд – Њу Орлеанс 105:100

Милвоки – Бруклин 94:97

Минесота – Филаделфија 94:87

Далас – Орландо 111:96

Голден Стејт – Феникс 108:98

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top