| четврток, 6 декември 2018 |

Уште еден Албанец убиен во Сирија

albania sirijaТриесет и петгодишниот Шериф Таршани од селото Молари кај Елбасан, официјално, е десеттиот албански државјанин кој го загуби животот на боиштата во Сирија.

Веста за убиството ја потврдиле членови на неговото семејство кои живеат во Албанија бидејќи тој при заминувањето во Сирија со себе ги зел и сопругата, трите деца и родителите, но само тој директно учествувал во војната. Во оваа блискоисточна земја заминал во јули минатата година.

Таршани, официјално е десетти албански државјанин што загинал на боиштата во Сирија од стотината што се таму. И неговото тело, како и на другите убиени Албанци, е погребано во Сирија. Вкупниот број убиени Албанци од Балканот во Сирија не се знае, но официјано е потврдена смртта на најмалку триесет.

Најмногу се од Косово – 14 (последниот е Егзон Авдули, убиен неодамна, кој поседувал и државјанство на Луксембург од каде што и заминал во Сирија пред една година), па од Албанија десет, четворица од Македонија, другите од Прешевската Долина (јужниот дел на Србија). Албанците од Балканот се припадници на движењето Исламска држава на Ирак и Левантот или во фронтот Ал Нусра, кој е поврзан со Ал Каеда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top