| четврток, 6 декември 2018 |

Шапката од Бродвеј специјален стимул за хокеарите на Њујорк ренџерс

Мозаикот на Њујорк ренџерс се пополнува, а популарната шапка од Бродвеј се уште кружи во соблекувалната на НХЛ тимот, кој со две победи ја израмни серијата со Питсбург пингвинс на 3-3.

Оригинален начин на прослава на победите имаат хокеарите од Њујорк и по секој успешен настап, најдобриот играч на мечот од редовите на Ренџерс добива шапка од Бродвеј и лепи еден дел од мозаикот. До освојување на Стенли купот има уште доста, но „пазлот“ на Њујорк продолжува да се пополнува, а тимот е во игра за титулата.

Ноќеска Њујорк пак го победи Питсбург со 3-1, а моментот беше специјален. Мартин Сент Луис кај кого беше шапката од Бродвеј, поради тоа што беше избран за играч на мечот на претходниот дуел со Пингвините, одржа емотивен говор. Тој собра сили да го одигра шестиот натпревар, иако само неколку часа претходно почина мајка му. Му се заблагодари на целиот тим за победата и ја додели шапката на клубот Њујорк ренџерс.

На седмиот решавачки меч Питсбург ќе биде домаќин, а победникот ќе се пласира во финалето на Источната конференција. Оттаму до шампионската титула треба да се биде подобар во две серии, во конференциското финале и во големото финале на НХЛ лигата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top