Повеќе од 9.000 обожаватели на српската пејачка и некогашна победничка на „Евровизија“, Марија Шерифовиќ, синоќа присуствуваа на нејзиниот голем концерт на стадионот на фудбалскиот клуб Вождовац во Белград, Србија.
– Добро вечер, јас сум Марија Шерифовиќ и мене е*ено ми се може – вака Шерифовиќ го отвори концертот.
Даниел Кајмакоски, кого таа отворено го поддржуваше во текот на целиот „Икс-фактор“, ја прифати покана да биде нејзин гостин.
Тој настапи на истата сцена каде што вечерта како втори гости свиреја и легендарните гитаристи од бендот„Џипси кингс“. Каталонците изјавија дека се големи обожаватели на Шерифовиќ и уште во саботата наутро се гости во српската престолнина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.