| четврток, 6 декември 2018 |

Четворица повредени во тешка сообраќајка во Струмица (ФОТО)

Четири лица настрадаа, од кои три се тешкоповредени, а едно лице е со полесни телесни повреди, во тешка сообраќајна несреќа што се случи околу 6 часот утрово, кај автобуската станица, на улицата „Климент Охридски“ во Струмица.

Во несреќата учествувале две возила, марка „мерцедес“ и марка „голф“.

5122014101735_soobrakajka strumica 3

Од општата болница во Струмица за дописникот на „Нова Македонија“ потврдуваат дека со потешки телесни повреди се хоспитализирани три лица, од кои лицето К.Е. (29) од Струмица заради сериозноста на повредите итно е префрлено во Клиниката во Скопје, додека другите две лица: Р.М. (70) и М.П. (38) се задржани на понатамошно лекување во болницата во Струмица, а едно лица е пуштено на домашно лекување.

Засега, причината за сообраќајната несреќа не е позната.

Екипа на СВР Струмица сѐ уште врши увид на местото на несреќата.

Фото: „Нова Македонија“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top