| четврток, 6 декември 2018 |

Димитар и Тара на јубилејниот, 20. фестивал „Сунчане скале“

Македонските пејачи Димитар Андоновски и Александар Тарабунов се дел од листата на изведувачи на 20. по ред црногорски фестивал „Сунчане скале“.

Димитар, ќе настапи со третопласираната песна на овогодинешниот „Скопски фестивал“, баладата „Ако ме боли“, која е дело на Лазар Цветковски, со текст на Милан Миланов. Ова е вторпат на „Сунчане скале“ за Андоновски, кој настапи и во 2011 година.

Тарабунов ќе настапи на српски јазик, со песната „Глумила је анџела“.

„Сунчане скале“ е еден од најпознатите балкански летни фестивали, кој секоја година се одржува во Херцег Нови. Многу македонски пејачи како Тоше Проески, Тамара Тодевска, Дани и други настапиле на него, а Тијана Дапчевиќ и дуетот Калиопи-Наум Петрески ја освоиле првата награда во 2002, односно 2009 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top