За разлика од вообичаените услуги на познатите спа-центри во светот, едно лекувалиште во Јужен Тирол, на северот на Италија, нуди нешто сосема оригинално – валкање во сено.
Сопствениците на спа-центарот тврдат дека валкањето во сено има моќно терапевтско дејство. Есенцијалните масла, цветови и трева во алпското сено во комбинација со водена пареа благопријатно влијаат на целиот организам. Оваа необична терапија е идеална за лица кои имаат ревматски проблеми, болки во мускулите, вратот, грбот, но и за оние кои чувстуваат хроничен замор и често се под стрес. Сеното го зацврствува имунолошкиот систем и ги елиминира токсините од телото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.