Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, призна дека Западот барал од Србија да воведе санкции кон Русија поради ситуацијата во Украина, односно Белград да ја усогласи својата надворешна политика со политиката на ЕУ.
– Тие бараат ние да ја усогласиме надворешната политика со ЕУ, но поглавјето 31 (преговори за членство) сѐ уште не сме го отвориле. Ги почитуваме сите принципи што ги почитува ЕУ, територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, единствено за што се разликуваме е што не сакаме да воведеме санкции кон Руската Федерација – рекол Вучиќ.
Прашан дали поради таквиот став може да бидат сопрени преговорите со ЕУ, српскиот премиер рекол дека тоа не може да се знае, но дека Западот треба да има разбирање.
– Мислам дека луѓето на Запад треба да го почитуваат нашиот став, кој е многу правичен затоа што тука има многу прашања кои ние можеме да ги поставиме, а многу да немаат одговор – додал премиерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.