| четврток, 6 декември 2018 |

Црногорците се скараа за „Евровизија“: Публиката дала 12 поени за Русите, жирито ги помножило со нула

rusija evrosong crna gora

Претседателот на одборот за европски интеграции на Црна Гора, Славен Радуновиќ, го обвини црногорското жири дека ги наместило резултатите од гласањето за „Евровизија“.

Радуновиќ, повикувајќи се на официјалниот веб-сајт на „Евровизија“, соопшто дека црногорското жири од политички причини не ѝ доделило ниту еден поен на Русија без оглед на волјата на Црногорците.

Публиката ѝ дала 12 поени на Русија, но жирито не смеело да го дозволи тој срам, па го коригирало пласманот на Русија за да не добие ниту еден бод од претендентот за членство во НАТО. Има ли крај на резилот и срамотата на оваа јадна земја, прашува Радуновиќ.

Според правилата на „Евровизија“, гледачите и стручното жири одлучуваат за гласовите што ги доделува секоја држава поединечно.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top