Апсолутна фудбалска романтика владее во Македонија, а играчите на Работнилки денеска ја слават двојната круна. На триумфот и трофејот од националниот куп, популарните „романтичари“ од Дебар Маало му ја придодадоа и шампионската титула по победата над Еуромилк со 2-0.
Борче Маневски со два гола ја потврди извонредната форма и повторно беше немилосрден на прволигашките терени, сосема доволно за да се освојат трите бода и титулата. Работнички на едно коло до крајот има недостижни 62 бода, 5 повеќе од Турново, 6 од Металург и 7 од Вардар.
Во дербито досегашниот првак Вардар го совлада Турново со 2-1 и му помогна на соседот да ја освои шампионската круна. Во уште едно дерби Металург загуби од Шкендија со идентичен резултат, по што и тетовци се вклучија во битката за Европа.
Од лигата испаѓаат Напредок, Македонија Ѓ.П. и Еуромилк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


