Фудбалерите на Еритреја, кои исчезнаа во 2012 година по турнир во Уганда, се наоѓаат во Холандија и сега живеат таму, откри градоначалникот на малото холандско гратче Горинчем, Антон Барске.
Тој информираше дека на Еритрејците им е одобрен политички азил и дека добиле куќи за живеење во едно место 75 километри јужно од Амстердам. „Има тимови од Горинчем кои се многу заинтересирани за овие фудбалери, но нивниот приоритет е да се адаптираат на животот во Холандија“, изјави Барске.
Седумнасет фудбалери и тимскиот лекар на Еритреја исчезнаа во декември 2012 година, откако тимот беше елиминиран на Купот на источна и централна Африка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.