| четврток, 6 декември 2018 |

Возач сакал да подмити полицаец со 200 денари

pregazen-policaec-na-patot-kon-drachevo-158764Дваесетишест годишниот С.Р. од Скопје во средата бил приведен во полициската станица во Драчево затоа што сакал да поткупи полицаец со 200 денари. Полицаецот го сопрел и забележал дека возачот нема ставено сигурносен појас по што изготвил записник за сторен сообраќаен прекршок и регистрирање негативни одови.
Но, пријавениот не сакал да ги потпише и му предложил да се сретнат и да пијат кафе заедно, по што од паричникот извадил 200 денари во апоени од по 100 денари, и му ги ставил во десниот џеб од ветровката, велејќи му да ја искине пријавата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top