Со вкупно 290 поени, австрискиот претставник, травеститот Кончита Вурст, победи на 59. издание на „Евровизија“. Комбинирани гласови од публиката и стручно жири на секоја земја, го одлучија победникот на овогодинешниот европски фестивал.
Некогашниот пејач Томас Нојвирт, кој сега се претставува како девојка, но не се откажува од својата брада, буквално ја покори Европа. Со огромен број на 12 поени, таа е доказ на сѐ поголемо е геј-лобито на стариот континент.
Кончита ја исполни песната „Феникс“ и со неа, следната 60. по ред „Евровизија“, ја доби Австрија за домаќин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.