| четврток, 6 декември 2018 |

Србија никогаш да не ја признае независноста на Косово

10029514222Собранието на Србија синоќа, по речиси целодневна расправа, со 175 гласа ја усвои Резолуцијата за Косово, што се однесува на продолжување на дијалогот со Приштина, јави Танјуг.

Премиерот на Србија Ивица Дачиќ претходно соопшти дека Владата синоќа ја укина ознаката за тајност од Платформата за Косово, што беше условот на опозициската Демократска партија (ДС) за поддршка на предлогот.

Во текстот на платформата се наведуваат пет елементи на кои резолуцијата ќе се темели.

Појдовна точка за преговорите со Приштина на високо политичко ниво е Србија во согласност со меѓународното право, Уставот и волјата на граѓаните, да не ја признава и никогаш да не ја признае еднострано прогласената независност на Косово.

Сите права и надлежности, што како резилтат на преговорите ќе бидат признати во привремените институции во Приштина со закон ќе им бидат пренесени на органите на Косово, во согласност со Уставот, законите и другите прописи на Република Србија, се наведува во текстот од резолуцијата.

Расправата траеше повеќе од 14 часа, а Резолуцијата ја поддржаа пратенциите на владеачката коалиција, демократите, Партијата на војвоѓанските Унгарци и пратеничкиот клуб на СПО-ДХСС. Против гласаа пратениците на Демократската партија на Србија (ДСС).

Првобитниот текст на резолуцијката беше изменет со три амандмани што ги предложи одборот за Косово, а кои беа усогласени на заедничкиот состанок на претседателот и премиерот со шефовите на пратеничките групи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top