Во данската престолнина Копенхаген започнува финалната вечер на изборот за песна на „Евровизија“, на која ќе се претстават пејачи од 26 земји.
Вечерва ќе настапат 20. земји кои на полуфиналињата на 6 и 8 мај успеаја да соберат доолно гласови од европската публика за пласман во финалето. Покрај минатогодишниот победник Данска, без квалификации, како и секоја година, влегуваат земјите од таканаречената „голема петорка“, Велика Британија, Шпанија, Германија, Франција и Италија.
Македонската претставничка Тијана Дапчевиќ не влезе во финале.
Преносот на европскиот фестивал во Македонија е овозможен на Македонската радио телевизија, која е и задолжена за целото евровизиско претставување на нашата земја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


