„Фејсбук“ ја повлече апликацијата „боцкање“ (poke) од „iOS App Store“ .
Апликацијата им овозможуваше на корисниците приватно „боцкање“ на пријателите со испраќање на пораки, фотографии или видеоклипови, кои по некое време автоматски се бришеа.
Засега, стариот и оригинален јавен „poke“, кој е дел од „Фејсбук“ веќе 10 години сѐ уште е на располагање, но веќе не се рекламира на тајмлајн и на почетната страница, па само прашање на време е кога и тоа ќе замине во историјата.
Ова една од опциите на „Фејсбук“ која досега се најисмејувани и според корисниците, најнепотребни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


