| четврток, 6 декември 2018 |

Ѝ ја пуштил омилената песна на сопругата во кома за збогум, а таа се пробудила

Откако изгубила свест на прославата на 46 роденден на нејзиниот сопруг, Марија Нил (48) од Велика Британија на пат кон болницата доживеа тежок мозочен удар. По комплицираната операција на мозокот, таа била ставена во вештачка кома. Докторите се обиделе постепено да ја разбудат, но откако Нил седум дена не реагирала, им кажале на членовите на семејството да се простат од неа. Наместо тоа, нејзиниот сопруг Стив ѝ ги пуштил омилените песни, на кои танцувале на нивната свадба и се случило чудо.

– Со часови ѝ зборувавме, се трудевме на било кој начин да ја натераме да реагира. А, потоа татко ми ги сними нивните песни на телефонот и додека тие свиреа, неговите солзи паѓаа врз нејзиното лице.Срцето ми се скриши кога ги гледав, но потоа таа ја мрдна нејзината рака, а по неколку дена почна и да мрда со главата- се сеќава нивната 21-годишна ќерка Марија.

Со звукот на песните „Unchained Melody” од „The Righteous Brothers“ и „If You Don’t know me by now“ од „Симпли ред“, Марија полека почнала да се враќа во живот.

Докторите кои се грижат за Марија во болницата во Кралскиот колеџ во Лондон го предупредиле семејството дека закрепнувањето ќе биде бавно и неизвесно, но она што во меѓувреме се случило и самите го кажуваат „чудо“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top