Актерката Мила Кунис уште еднаш ја покажа природната убавина, позирајќи за новата кампања за која е ангажирана.
Мила има само суптилна шминка на себе, а во преден план е накитот кој таа го рекламира. Станува збор за раскошниот накит од марката„Џемфилдс“. Ѓерданот кој го рекламира е со дијаманти и смарагди, а Мила, со рацете ја повлекла и косата наназад, за да се види дизајнот на ѓерданот, пишува англиски „Сан“.
Магазинот „Ролинг стон“ мината година Мила Кунис ја прогласи за најсекси жена. Таа е во врска со Ачтон Кучер со кого размислуваат да се преселат во Велика Британија со цел да бидат заедно додека таа работи на својот нов филм.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заев злоупотребува деца во политички цели, Одбусманот предвидува казна за вакво дело
-
Во среда ќе се знае колку партии ќе учествуваат во кампањата за референдумот и колку пари ќе добијат
-
Кампањата за референдумот ќе чини 80 милиони денари
-
Владата в среда ќе ја одреди сумата што ќе се потроши за референдумската кампања



