| четврток, 6 декември 2018 |

Масовна посетеност на „Винофест“ во Скопје (ФОТО)

Третиот пролетен вински фестивал, кој од средата е лоциран на паркингот пред трговскиот центар „Веро центар“, завршува утре. Поголемите македонски винарии во комбинација со неколку штандови со скара и млечни производи, како и богатата музичка програма, и овојпат ја собраа пуликата и еноманите на едно место.

– И овој пролетен „Веро винофест“ го подготвивме со особено задоволство бидејќи во најубавиот месец од годината славиме еден од најомилените пијалоци, виното, бидејќи како што велат, пивото е создадено од луѓето, но виното го направиле боговите. Затоа и оваа година ги поканивме најдобрите македонски винарници за сите заедно да ги вкусиме врвните вина од домашните чудотворци, да уживаме во храна направена од вешти раце, а како дигестив се некои од најдобрите музички имиња. Ги поканувам сите љубители на добрата музика и на фината капка заедно го славиме животот, старите пријателства, среќните времиња, убавите манири, фантастичната музика и вкусната храна – изјави Влатко Величков, маркетинг менаџер во „Веро“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top