| четврток, 6 декември 2018 |

Кениецот Кипсанг промотор на Виз ер Скопски маратон се сретна со градоначалникот Трајановски (фото)

Градоначалникот Трајановски му се заблагодари на Кипсанг, за неговата заложба да го промовира овој наш најголем спортски настан и му пожели од Скопје да си замине со убави впечатоци и искуства

kapsing i trajanovski

Градоначалникот на Грaд Скопје, Коце Трајановски се сретна со светскиот рекордер и маратонец Вилсон Кипсанг Кипротич којшто во Скопје доаѓа како промотор на 10-от јубилеен Виз ер Скопски маратон 2014.

Градоначалникот Трајановски му се заблагодари на Кипсанг, за неговата заложба да го промовира овој наш најголем спортски настан и му пожели од Скопје да си замине со убави впечатоци и искуства.

– Зборувавме околу организацијата на Скопскиот Маратон, како и организираноста на спортските натпреварување во средните училишта од Градот Скопје и начините за зголемување на популарноста и успешноста на атлетиката кај младите. Зборувавме и за неговите почетоци во атлетиката и развојот на неговата кариера. Присуството на светскиот рекордер и маратонец Вилсон Кипсанг Кипротич на Скопскиот Маратон е од големо значење за неговата популаризација, како и за Градот Скопје, кажа градоначалникот Трајановски.

kapsing2-500

Кипсанг му се заблагодари на градоначалникот Трајановски за поканата да биде промотор на еден од најдобрите маратони во Европа и вети дека повторно ќе дојде во Скопје.

– Ми претставува задоволство што прв пат престојувам во Скопје и Република Македонија и Скопје многу ми се допаѓа. Тука сум за да дадам поддршка на Скопскиот Маратон кој е еден од најдобрите маратони во Европа, кажа Кипсанг.

Денеска пред Музејот на Македонската борба за самостојност, стартуваше и детскиот Colgate маратон, што е дел од Виз ер Скопскиот маратон, во којшто учествуваа околу 600 дечиња од основните училишта, на возраст од 10-12 години. Вилсон Кипсанг го означи стартот на трката и на крајот на најдобрите им ги додели признанијата.

Вилсон Кипсанг е Кениец, спортист кој специјализира во долго трчање, се натпреварува во разни дисциплини, од трки со должина од 10 километри, па се до големи маратони. Тој го освои бронзениот медал во маратон на Летните олимписки игри 2012 и е актуелен носител на светски рекорд од маратон со време од 2:03:23, што го поставил на маратонот во Берлин маратон 2013та. Негова поставена цел е да постигнува подобро време од 2 часа и 5 минути и е двократен добитник на Франкфурт маратонот (во 2010 и  во 2011). Тој има дванаесетто најдобро време во текот на полумаратонот (58:59 минути). Во месец април Кипсанг го освои Лондон маратон 2014 со рекордно време од 2 часа 4 минути и 29 секунди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top