
Новиот собраниски состав ќе се конституира денеска. Претседаелот на Парламентот Трајко Вељаноски за во 13 часот ја закажа седницата.
Од денеска тече четиригодишниот мандат на народните избраници. Социјалдемократите и Руфи Османи најавија дека нема да седнат во собраниските столчиња. Но и без нивното присуство, Парламентот може да се конституира.
На почетокот на седницата ќе се утврдува кворумот, па ќе се избираат претседател и членови на верификационата комисија, која треба да ги верификува мандатите на пратениците.
Во понеделник ќе биде закажана и седницата за инаугурација на претседателот Ѓорге Иванов. Тој е должен во рок од 10 дена од конституирање на Собранието да го довери мандатот за формирање на нова Влада. Владата на предлог на мандатарот и врз основа на програмата, треба да биде избрана во законодавниот дом со мнозинство гласови од вкупниот број на пратеници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


