
Првото пријавување за уписите во средните училишта оваа година ќе бидат на 23 и 24 јуни. Второто пријавување и запишување ќе се врши на 30 јуни и на 1 јули, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 3 јули.
Годинава ќе има слободни 35.185 ученички места, од кои 24.573 на македонски, 9.660 на албански, 918 на турски и 34 на српски наставен јазик.
Вкупно 11.189 места се наменети за гимназиско образование, 408 места за уметничко и 204 места за спортската академија, која од годинава добива дисперзирани паралелки во 7 општини – Охрид, Битола, Прилеп, Струмица, Штип, Велес и Гостивар.
Министерството за образование и наука во следниот период ќе објави дополнување на конкурсот за струките, профилите и за паралелките за средното училиште на Град Скопје во Шуто Оризари.
Вториот рок за запишување е 21 август, а резултатите од запишувањето на учениците и слободните места се објават на 22 август.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


