ДУИ нема намера да попушти во нејзините барања пред ВМРО-ДПМНЕ претседател на Собранието да биде Албанец, јавува телевизија Алсат-М.
Вечерва или најдоцна до утре изутрина партијата на Груевски треба да се изјасни дали прифаќа претседателот на Собранието кадар на ДУИ и да го смени Деловникот на Собранието со што и пленарните седници ќе се водат на албански јазик. Ова е услов од ДУИ, доколку ВМРО-ДПМНЕ сака да продолжат разговорите со ДУИ за формирање на новата влада, велат од партијата.
Од друга страна ВМРО-ДПМНЕ информираше дека нема намера на ДУИ да и го даде спикерското место во Парламентот. За утре во 13 часот е веќе закажана конститутивната седница на новиот собраниски состав, по што ќе се знае кој ќе раководи со новиот собраниски состав.
Доколку за ова прашање ВМРО и ДУИ не се договараат, како што велат од партијата на Ахмети, нема да продолжат разговорите за можнo владино коалицирање и поделба на министерските ресори, информира Алсат-М.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.