| четврток, 6 декември 2018 |

Судири и протести во Сараево

Policija-sukob-Sarajevo

Ескалираа протестите во Сараево откако 200 граѓани на Босна и Херцеговина кои протестираа пред зградата на парламентот на Федерацијата БиХ се упатија кон зградата на библиотеката.

Во обидот да ги спречи, полицијата се судри со демонстрантите.

Граѓаните подоцна се собраа пред градската библиотека. Демонстрантите упатија свирежи кон лицата кои доаѓаа на свеченото отворање на градската библиотека и извикуваа „Крадци, Крадци“ и „Сакаме да работиме“.

Демонстрантите бараат разговори со претставници на владата и парламентот на Федерацијата БиХ. Тие во почетокот на протестите бараа отворена седница на парламентот на која би учествувале претставници на општините во кои се организирани пленуми на граѓаните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top